Припадниците на морнарицата спасија слон, кого силните морски струи го одвлекле 16 километри од брегот.

Крајбрежната стража го забележала животното, како се бори да ја одржи сурлата над површината на водата.

Група нуркачи го врзале со јажиња и со асистенција на два брода го извлекле цицачот на копно.

Слонот најверојатно бил повлечен од силните струи додека се обидувал да мине лагуна која дели два дела од џунгла.

Слоновите во Шри Ланка се сметаат за најблагородни животни, а нивното убиство најголем грев. 

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 09:19
Гоце Герасимовски
Обновено во: 18:23

коментари

остави коментар