Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.

- Иако во оригиналната драма централен лик е Афроамериканец, оваа постановка содржи една поинаква драматуршка адаптација, во која контекстот се актуелизира и локализира. Адаптацијата се однесува на Ерџан, Ром, кој заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника... Оваа драма топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација, истакнува режисерот Ивановски.

На „Скопско лето“ вечер е и изложбата на Друштвото на ликовни уметници на Србија која ќе биде отворена во НЛБ Галерија од 20 часот, а на програмата „Кафе кино“ од 21 часот во ФЛУ - Сули ан ќе биде прикажан српскиот филм „Панама“ во режија на Павле Вучковиќ. /МИА

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 07:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар