Работнички и Динамо Минск одиграа без победник 1:1 во првиот натпревар од 2.коло во квалификациите за Лига Европа, кој се одигра на теренот „Перат Милошески“ во Скопје.

Гостите од Белорусија имаа предност од 53.минута, кога Владимир Квачински успеа да го совлада Шишковски со глава по центаршутот на Лукиќ.

Дополнително задачата на Работнички беше отежната во последните десет минути откако остаа со  играч помалку, по исклучувањето на Емир Сахити кој заработи црвен картон.

Сепак. И во таква ситуација „Романтичарите„ се изборија за нерешен резултат благодарение на голот на Бојан Најденов 91.минута од пенал.

Реваншот во Белорусија ќе се игра за седум дена. 

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 22:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар