Неверојатната дупка е длабока дури 12262 метри , а иско0пана е од страна на научниците од Советскиот сојуз во периодот од 1970 до 1989 година.
Дупката е наречена Колска супердлабока бушотина .Руските  научниците ја ископале со цела да дознаат што се наоѓа во длабочината на земјата.

http://todiscoverrussia.com/

Иако дупчењето  на дупката чинело вистинско богатство, научниците  стигнале до фасцинантно откритија. 


Како, оние дека на длабочина од 6,7 километри  е пронајдена вода иако никој не го очекувал тоа, потоа дека на длабочина од 7 километри се пронајдени фосилни остатоци од едноклеточни организми. Карпите во длабоката дупка според научниците се стари околу 2,7 милијарди години.



На самото дно на дупката е измерена температура од цели 180 степени Целзиусови. Поради што било и прекинато понатамошното дупчење.
Според овие откритија руските наочници дошле до заклучок дека на длабочина од 15000 метри температурата изнесува околу 300 степни Ц. а карпите се цврсти „како пластика“. 

Руските научници инаку сакале  до крајот на 1993 година да стигнат до длабочина од 15 километри но високата температура ги спречила во тоа. 

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 16:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:54

коментари

остави коментар