„Во однос на Србија ќе ви кажам искрено и отворено. Република Грција не ја призна независноста на Косово , ни помогнаа кога беше тешко, очигледно дека не секогаш покажавме доволна почит за овој факт. Не би сакал пред странците да говорам за тоа ниту да ги критикувам нашите претходници. Србија во иднината ќе го гледа својот интерес. интерес и ке им помага на оние кои се на нејзина страна и кои помогнаа во зачувување на пронципот на меѓунардно право . Во оваа смисла грчките пријатели може да сметаат на нашата поддршка, рече Вучиќ.


На владината седница меѓу Србија и Грција нема простор за трети земји, не е состанок на земји од поранешна Југославија. – беше одговорот на грчкиот премиер на новинарско прашање зошто и Македонија не беше поканета во Солун, каде што освен советот меѓу Србија и Грција ќе се одржи и трилатерален состанок на кој ќе учествува и Бугарија. Во однос на Македонија Ципрас објасни дека Атина сака стабилност кај нас и решавање на проблемот со името, повторувајќи дека Грција бара ерга омнес име, договор, кој, според грчкиот премиер, би ги отворил вратите на нашата земја кон НАТО и ЕУ. 

„Веќе имаме ставено јасно на новиот премиер кој има покажано волја за приближување и за пореален пристап во односите меѓу двете земји дека што се однесува на интеграциониот процес на поранешната југословенска Република Македонија  во НАТО и европската унија постојат одлуки и на Европскиот совет и од самитите на НАТО кои што се многу јасни. Треба прво да се реши, на взамено прифатлив начин, разликата, прашањето за името.- изјави Алексис Ципрас – претседател на владата на Грција.

По одржаната владина седница, на Србија и Грција им се придружи и Бугарија, во рамките на трилатералната средба.

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 13:25
Сања Ристовска
Обновено во: 14:24

коментари

остави коментар