Со незаборавен концерт на светската џез атракција „Форплај“ синоќа во преполниот Антички театар во Охрид  беше свечено  отворено  57 то издание на фестивалот Охридско лето.

- Веќе 57 години фестивалот Охридско лето е дел од нашиот пат кон моќта на уметноста. По тој пат секоја година минуваат бројни уметници од Македонија, Европа и светот, кои несебично ја споделуваат својата креативност и го  задоволуваат нашиот длабок копнеж по убавина, добрина и слобода  , рече претседателот Горѓе Иванов.

Охридско лето повеќе од половина век  го  промовира културното богатство,  мултикултурализмот и различностите, рече министерот за култура.

- Сигурни сме дека во периодот што доаѓа Охридско лето ке понуди нова визија за новите времиња. Визија која ќе ја доближи културата до жителите и посетителите на Охрид и ќе ги оживее културните знаменитости и историски објекти на градот. Визија со високи естетски критериуми , рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Престојните 40 фестивалски денови  на програмата на најпрестижната културно сценска манифестација ќе има 33 врвни концерти, џез вечери, 9 театарски и 2 балетски претстави, филм за охридскиот бисер и неколку изложби.

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 11:47
Соња Рилковска
Обновено во: 13:54

коментари

остави коментар