Снегот остави илјадници домаќинства без напојување со електрична енергија и предизвика застој во сообраќајот.

Сите регионални летови од главниот град Велингтон се откажани.

Силниот ветер достигнувал брзина и до 160 километри на час, рушел дрвја и предизвикал проблеми со напојувањето со електрична енергија.

Поради невремето затворени се неколку сообраќајници, а во прекин е железничкиот сообраќај.

Ветерот дувал со брзина од 130 километри на час кревајќи 11-метарски бранови.


Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 11:07
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:09

коментари

остави коментар