Портпаролот на Пентагон мајорот Џејми Дејвис изјави дека претходните показатели укажуваат дека земјотресот не е предизвикан од нуклеарен тест на Северна Кореја, имајќи ги предвид длабочината и локацијата на земјотресот, истакнувајќи дека Пентагон ќе продолжи да ја истражува сеизмичката активност, пренесува Ројтерс.

Според сеизмолозите  земјотрес со оваа јачина е необичен за тој регион, но сепак  ништо не покажува дека земјотресот го предизвикале луѓето.

Епицентарот на земјотресот е 560 километри под морската површина и веројатно не предизвикал никаква штета.

Засега нема информации за евентуални жртви, а не е издадено ни предупредување за цунами.

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 09:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар