Полицијата едвај успеала да се справи со разлутените жители , кои цела ноќ чекале да пристигне 24 годишната жена . Над 40 полицајци ја спречиле толпата да ја претепаат неа и нејзиниот придружник , кои пристигнале дури во 4 часот утрината .

Во спасувањето на жената биле вклучени и пожарникари. Жителите се собрала поради објавите на Facebook против жената и илјадниците коментари за нејзината вмешаност во подведување малолетни девојчиња.

Таа била осудена и одлежала четири години затвор откако опила 16 годишно девојче , за потоа да биде жртва на групно силување.

По издржувањето на казната , под нов идентитет жената се преселила во Велс , но била набргу откриена од жителите , кои не сакаат таква личност да биде дел од нивната заедница.

Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 15:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар