Параолимпиецот  Абдула Хајаји , член на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати загина на место кога врз него од засега неутврдени причини се урна железниот кафез од каде спортистот го фрлал дискот .

Спортистот бил на подготовки во Лондон пред почетокот  на Светското Првенство , каде што требало да ја претставува својата земја .

Од делегацијата на ОАР се шокирани и изјавија дека се во длабока тага поради инцидентот.
Медицинските екипи набргу по несреќата пристигнале на теренот , но само по 20 минути констатирале смрт на 36- годишниот атлетичар .

Шокирани се и од Меѓународниот параолимписки комитет , поради несреќата што се случи на само два дена пред почетокот на Светскиот шампионат во Лондон

Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 12:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар