Момчето за кое медиумите наведуваат дека се вика Дилан, преноќил надвор во Глејзер Вју Ранч, околу 80 километри оддалечен од Денвер.

Во неделата, околу 4 часот наутро, се разбудил со “звукот на крцкање“. Во момент сфатил дека неговата глава се наоѓа во челустот на мечката, која се обидува да го извлече од вреќата.

Момчето почнало да ја удира мечката, во што му се придружиле колегите кои спиеле во вреќите до неговата. Ја удирале мечката и викале на неа, додека животното после некое време отишло.

Дилан на кратко бил задржан во болница и набргу пуштен дома. Тој за медиумите изјавил дека мечката го извлекла 3-4 метри надвор од вреќата, пред да успее да се ослободи од неа.

„Претпоставувам дека звукот на крцкање, кој го слушнал, настанал кога нејзините заби се “забија“ во мојот череп“ – изјавило момчет, кои инаку ги подучува луѓето на преживување во природа во камп во Карпестите планини.

Американската црна мечка обично не е агресивно животно, и покрај тоа што во последните недели се пријавени неколку нивни напади на западот на САД.


Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 11:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар