Но, кој добил и тоа два пати во една недела...

Тоа и се случи на 19 годишната Роса Домингез од Калифорнија.

Таа возејќи се дома од Аризона на една бензинска пумпа купила неколку лото ливчиња од пет долари. На едно од нив се наоѓало добивка од 555.555 долари.

„Бев толку нервозна што само сакав да плачам“ – изјавила Роса.

Неколку дена подоцна, повторна на бензинска пумпа, купила уште едно лото ливче од Калифорниската државна лотарија, кое и донело уште 100.000 долари.

Роса изјавила дека дел од добивката од 655.555 долари планира да ги потроши на нов автомобил и шопинг.


Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 10:39
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:07

коментари

остави коментар