Аукциската куќа ,,Сотби “ најави дека на 26- ти септември ќе се одржи аукција на голем број лични предмети , облека , накит , слики и книги на славната актерка , која ја играше насловната улога во ,,Однесено со виорот “ .

За улогата на Скарлет О`Хара Вивијан Ли го освои Оскарот во 1939 – тата .

Истоимената книга со посвета за Вивијан од авторката Маргарет Мичел се очекува да достигне цена од % до 7 илјади фунти . Сценариото за филмот може да достигне и до 3,5 илјади фунти .

Британската актерка Вивијан Ли , почина во 1967- мата .

Нејзините внуци за непозната сума на лондонскиот музеј ,,Викторија и Алберт “  ја продадоа нејзината архива , меѓу кои и писма и фотографии .

Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 21:38
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:09

коментари

остави коментар