Врвните музичари заедно со Оркестарот на македонската филхармонија се очекува да приредат вистински спектакл, утре на Античкиот театар. 

Претстојните 40 фестивалски денови  на прохграмата на најпрестижната културна манифестација ќе има 33 врвни концерти, џез вечери, 9 театарски и 2 балетски претстави, филм за охридскиот бисер и изложби. Врвна уметност и многу атрактивни содржини.

-„Не очекуваат 57 настани во претстојните 40фестивалски денови. За прв пат в историјата на фестивалов на свеченото отворање ќе имаме џез настан, кој предизвика невиден интерес кај публиката.

За утрешниот концерт пристигнуваат љубители на џезот буквално од целиот регион. Исто така како новина се џез вечерите на 19, 21,22 и 23 јули“, вели Оливер Арсовски директор на фестивалот „Охридско лето“.

-„ Среќен сум што соработуваме со македонскиот филхармониски оркестар  и со луѓето од Македонија, но исто така бидејќи Македонија е спомената во библијата среќен сум што  сум овде во една библиска земја “, вели Харли Мејсон „Форплај“. 

Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 14:53
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:52

коментари

остави коментар