Иако многумина тоа го прават а љубезен и културен начин, еден Русин го покажал своето незадоволство на екстравагантен начин.

Најновото видео ни доаѓа од Москва каде еден маж во придружба на две стриптизети, влетал во банка!

Според пишувањето на „Дејли Меил“ неименуваниот маж влетал во банката на „Сбербанк“ која е најголема во Русија, со две стриптизети и на тој начин на вработените се одлучил да им покаже “како треба да се однесуваат кон клиентот“, со оглед на тоа дека спрема него се однесувале “ладно и непријателски“.

Неговите “пријателки“ професионално го обработиле својот дел од работата, а дури и се качиле на столовите на вработените и така ја покажале својата умешност.

Вработените жени биле во шок, а се огласи и претставникот на банката Олег Власов.

„Инцидентот се случи во една наша банка во Москва. Ова хулиганство е пријавено во полиција, според нашиот закон за заштита на приватноста не смееме да даваме повеќе информации за клиентот, неговата работа и сметките“ – изјавија од Сбербанк.


Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 12:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар