Но, сега постои решение кое значително може да го намали бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи предизвикани од возење под дејство на алкохол. 

На пазарот е преставена алко бравата (алко-лок), која на возачите не им дозволува да го стартуваат своето возило доколку се под дејство на алкохол.
Алкометарот е поврзан со системот за стартување на моторот и бара од возачот да дувне во него пред да го вклучи моторот.

Моторот ќе стартува само ако уредот,( Алко бравата) измери дека во крвта на возачот нема алкохол.

Кога автомобилот ќе стартува, возачот не ќе може да го остави „запален“ автомобилот и да помина во кафана покрај патот и да се напие нешто од нога, поради тоа што уредот е програмиран да на определени временски интервали бара нови контроли.

Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 12:14
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:00

коментари

остави коментар