33-годишниот принц и 30-годишната Екатерина Малишева се венчаа во главната Лутеранска црква во Хановер.

Тие беа опкружени од познати личности и аристократи од цела Европа, вклучувајќи ја неговата посестра, принцезата Александра, ќерка на Ернст Аугуст и принцезата Каролина од Монако.

Другите деца на принцезата Каролајн, жена на Ернст Аугуст Постариот– Шарлот, Пјер и Андреа Касираши – исто така, присуствуваа на настанот, емитуван на германската државна телевизија.

Но, 63-годишниот Ернст Август не се појави на настанот, откако рече дека е загрижен што може да значи бракот за фамилијата и нејзиниот имот во Германија, особено оној во Долна Саксонија.

„Продолжив да се надевам дека мојот син конечно ќе ги разгледа повисоките интереси на семејството и ќе се предаде”, изјави тој за весникот “Хенделсблат” пред свадбата.

„Подготвен сум за разговори и помирување.” - додаде тој.

Подоцна младата двојка беше домаќин на приватен прием за околу 600 лица на семејно седиште на династијата – замокот Мариенбург, во близина на Хановер.


Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 09:33
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:34

коментари

остави коментар