- Во летниот период се позачестени се саемите на книга од причина што е намален бројот на читатели, учениците не одат на училиште и позајмувањата во поглед на лектирните изданија е намалено, така што со овој начин планираме да го зголемиме  интересот кај  граѓаните во однос на читањето книги, изјави директорот на кумановската библиотека Марјан Петковски.

Тој информираше дека кумановската библиотека постојано контактира со издавачките куќи од Македонија, така што сите оние кои ќе ја прифатат нивната покана за организација на вакви саеми на книги со саемски попусти,  ќе имаат можност да ги промовираат нивните дела пред читателската публика.

- Имаме голем избор за сите старосни групи од најмлада до највозрасната читателска публика од белетристика, психологија, автобиографски. Во последниве неколку години се повеќе и повеќе нашите изданија се  во електронска форма, дефинитивно можеме да кажеме дека особено помладата читателска публика е повеќе заинтересирана за електронски изданија, но сепак генералната слика ни кажува дека луѓето во Македонија, читателската публика повеќе  е традицонална и сака стар формат за читање на книги, изјави Андреја Марковски од издавачки центар „Три“.

Претходно, кумановската библиотека спроведе набавка на книги  со која го збогати  книжниот фонд со 846 книги од единаесет издавачки куќи, односно  281 наслов за што одвои приближно 300.000 денари.

Во текот на летото, надлежните од библиотеката планираат повеќе манифестации,чија цел е популаризација на книгата меѓу читателската публика во Куманово, меѓу нив промоции на  книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели.

Датум на објава: понеделник, 10 јули 2017 во 22:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар