Детето од градот Бад Телза делело банкноти од 100 евра, па се до 2.400 евра одеднаш, објави германската полиција.

Дел од минувачите, кои имале среќа да добијат ваков паричен подарок, сепак подоцна ги вратиле парите на полицијата, па локалните полициски службеници заклучиле дека вратени им се 4.500 евра.

Весникот „Зидјчецајтунг“ сепак известува дека 6.000 се уште не се вратени.

Кога полицајците го пресретнале тинејџерот “алтруист“ на улица, тој се уште носел одреден износ на пари кои не стигнал да ги подели.


Тој признал дека парите ги земал од своето семејство.

Неговите родители пак, како што пишува весникот повикувајќи се на локални извори “не се посебно импресионирани“ од тоа што го направил.

Датум на објава: понеделник, 10 јули 2017 во 13:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар