Концертот на две виолини, виола и виолончело е насловен „Мелодии од Виетнам“ и ќе се одржи во галеријата Даут-пашин амам со почеток во 20:30 часот.

Во рамки на филмската програма „Кафе кино“, во Сули ан / ФЛУ од 21 часот ќе биде прикажана канадско-француската копродукција „Само крајот на светот“ од 2016 година по сценарио и режија на Ксавиер Долан.

Филмот освои Гран-при од жирито на Канскиот филмски фестивал, три награди Цезар и пет канадски филмски награди./МИА

коментари

остави коментар