Одлуката ја донесе жири во состав: Захаринка Милосављевиќ, Родна Величковска и Илчо Јованов.

Статуетки добија градоначалникот на Долнени Боше Милошески - за посебен придонес за развој на Фестивалот и за изградбата на амфитеатарот на Рудина, потоа Советот на општина Долнени, како и КУД „Панче Пешев“ од Куманово, Салих Шабани од КУД „Беса“ од Гостивар, Абдула Тахиров од КУД „Бахар“ од село Чалакли, Валандово, и Бранко Жежоски од ансамблот „Гоце Делчев“ од  Битола.

На годинашниот Фестивал учествуваа околу 350 изведувачи. Се одржа и Семинарот за изучување народни инструменти и песни, а Рудина кај Долнени, каде се одржаа двата натпреварувачки дена, годинава доби амфитератар.

Датум на објава: недела, 09 јули 2017 во 17:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:22

коментари

остави коментар