Целта на манифестацијата е да стане еден културен систем низ кој ќе може народната музика да го добие своето засужено место.

На Рудина кај Долнени околу 350 изведувачи на народни инструменти и песни од сите краишта на Македонија, синоќа и денеска, настапуваат во рамките на 43-тиот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Досега пред публиката се претставија изведувачи и пејачки групи од Кочани, Пробиштип, Битола, Куманово и Демир Хисар, а за прв пат настапи и влашка пејачка група од Скопје.

Целта на фестивалот  е да го негува, чува, но и да го пренесува богатиот изворен мелос на новите генерации.

Годинава за прв пат Рудина, местото каде се одржува фестивалот, доби и амфитеатар. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

Дел од фестивалот е и семинарот за изучување на народните инструменти и песни, а за најуспешните изведувачи се доделуваат Гран при награда и Гајдата на Пеце Атанасовски.

Датум на објава: недела, 09 јули 2017 во 11:35
Анета Шијакова
Обновено во: 14:37

коментари

остави коментар