Во перформансот, кој е дел од проектот „Астраион“ на Здружението Мана, тројцата актери, Коста Ангов, Стојан Велков Трн и Игор Тодоров, ќе се обидат преку естетски чин да го приближат минатото до современиот човек, со цел, како што велат, нашето историско духовно наследство да го доближат до секој посетител и граѓанин.

- Ова е еден наш обид за промоција на нашето наследство. Од една страна и за запознавање на локалитетот на кој се пронајдени темелите на старата црква која се смета местото каде што во четвртиот век е наредено убиството врз тивериополските свештеници од страна на императорот Јулиј Отпадникот. Од друга страна, покрај промоцијата за туристички цели, ова е и едукација за нашата историја, рече режисерот Михаил.
Според отец Димитар Крцев, светите 15 тивериопослки свештеномаченици се патрон на Струмица и оттаму е потребата да се возобнови нивната улога и жртва во колективната христијанска меморија.

- Има настани што се случиле пред многу илјдници години, но живеат се уште во нашата колективна меморија. Една таква вистина Васил Михаил ќе ни ја стави на дланка и ние струмичани да почувствуваме дека тука, во овој централен дел на тогашната историска Македонија, се случила драма, која крвожедните ја слават како пир. Но, правдата може физички да се убие, никако не и духовно, и таа повторно еден ден излегува на виделина, изјави отец Крцев.

Проектот „Астраион“ го реализира Здружение Мана Струмица во партнерство со НУ Завод за заштита на споменици на културата и музеј Струмица, финансиран од Општина Струмица, а поддржан од Македонската православна црква.

Целта е одржлив развој во областа на зачувувањето и промоцијата на културното духовно-историско наследство и културниот туризам преку партнерство на сите нивоа и ангажирање професионални кадри за искористување на културните потенцијали на Општина Струмица.
За реализација на проектните активности се обезбедени 75.000 денари.

Датум на објава: недела, 09 јули 2017 во 11:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар