Оваа недела така во јавноста дојде информацијата дека фудбалерот на Реал Мадрид за секоја објава на профилот на Инстаграм, кој го пратат повеќе од 106 милиони луѓе, добива неверојатни 310000 фунти.

Роналдо тред три недели објави дека на свет дошле близнаците Матео и Ева. Како и синот Кристијано Помладиот ги роди сурогат-мајка во Калифорнија бидејќи во Шпанија таквата постапка е забранета.

Англискиот Дејли меил тврди дека дошле во посед на документ кој ја открива позадината на целиот случај во кој на свет, без да биде на јавноста позната мајката, дојдоа две деца на четирикратниот носител на Златната топка.

Ева и Матео наводно серодени во болница во Ла Меси, град во близина на Сан Диего. Матео е роден прв, а Ева Марија на свет дошла минута подоцна. тоа би можело да значи дека ги родиле различни мајки, пишуваат Англичаните.

Правничката која се занимава со прашања за сурогатство Стефани Кабаљеро изјави дека на агенциите кои се занимаваат со такви постапки им се плаќа по 125000 фунти за близнаци, од што 35000 одат за сурогат мајките.

Датум на објава: сабота, 08 јули 2017 во 21:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар