Музејот  и регионот, Крива Паланка и Кратово ќе бидат вклучени во проект со кој ќе се анализира патната  мрежа преку користење на средновековните пишани извори, интеракцијата помеѓу природната околина и човековата дејност, како и зависноста на религискиот, економскиот и политичкиот развој од географската поставеност на регионот. Академијата на науките веќе има издадено неколку тома за патната мрежа во Византија што значи дека имаат сериозен пристап во проучувањето, информираат од кумановскиот Музеј.

-Првин ќе се прегледаат  средновековните пишани извори кои зборуваат за можни движења и за постоење на некоја патна мрежа, се мапираат, се внесуваат во дигитална форма во однос на релации населби со религиозни објекти, помали населби со главни градови, односно капиталните населби и на тој начин се добива слика од што зависел развојот на едно подрачје во зависност од географската поставеност“-изјави Дејан Ѓорѓиевски, директор на НУ „Музеј“ Куманово

Предвидено  е проектот да се реализира следната година  преку средства кои дополнително ќе се обезбедат од меѓународните фондови, додека Музеј Куманово со овој проект ќе аплицира во годишната програма на Министерството за култура за 2018 година.
Резултатите за средновековната патна мрежа од кумановскиот регион ќе бидат презентирани на меѓународни симпозиуми и предавања во организација на Академијата.



Датум на објава: сабота, 08 јули 2017 во 13:17
Снежа Петковска
Обновено во: 14:51

коментари

остави коментар