Милениумската традиција на големиот духовен, книжевен и уметнички центар, Манастирот ,,Свети Јован Крстител,, во демирхисарското село Слепче, е во фокусот на вниманието на експерти и истражувачи од областа на историјата, архитектурата, теологијата и културата. Во следните шест дена, тие ќе ги пренесуваат своите искуства на студенти кои ќе истражуваат во овој регион, како дел од првата демирхисарска летна школа, која општина Демир Хисар ја организира во соработка со Македонската академија на науките и уметностите. Дел од програмата е и истражување на арехолошките локалитети во регионот.

Школата е продолжување на истражувањата во манастирот кои се спроведуваа во последните неколку години. 
 
Вчера голем број граѓани на денот на манастирската слава, Иванден, се собраа во дворот на манастирот каде свечено беше означен и почетокот на демирхисарското културно лето.


Датум на објава: сабота, 08 јули 2017 во 13:01
Анета Шијакова
Обновено во: 14:49

коментари

остави коментар