Во филмот акцентирани се кадровските технички и информатички ресурси на Битола, како можност за кариерен развој на младиот човек.

- Истражувањето направено за потребите на документарниот филм покажа дека техничките и информатичките науки се најголема шанса за младиот човек во Битола да дојде до работно место. Предноста на Битола е во постоењето на Техничкиот факултет, со традиција долга над половина век, како и во новоформираниот Факултет за информатички и комуникациски технологии, како извори за квалификуван кадар во двете области, а искуствата покажуваат дека токму овие кадри имаат предност на пазарот на трудот, посочи авторката на филмот Шијакова.

Низ експертизата на факултетите од областа на техничките и информатичките науки на Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“, Универзитетската библиотека во Битола, Македонското-научно друштво-Битола, стопански субјекти, локалната самоуправа, како и невладиниот сектор, филмскиот наратив пренесува порака дека до работно место најлесно се доаѓа со информатички и технички науки. 

Датум на објава: петок, 07 јули 2017 во 09:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар