Мадона поради тоа веќе купила куќа во португалската престолнина за која наводно потрошила околу 5 700 000 евра, пренесува „Дејли маил“.
58- годишната музичка ѕвезда сака заедно со целото семејство да се пресели од Њујорк во Лис абон за на својот посвоен син Дејвид Банд да му овозможи да тренира во младинската фудбалска школа на Бенфика.

Според медиумите Мадона  веќе пронашла и училиште во кое ќе учат нејзините деца, тие ќе учат во престижното лисабонско училиште „Француски лицеј“ каде годишната школарина  изнесува 34 000 евра.

Инаку, синот на Мадона , Дејвид неодамна една недела тренирал со кадетите на Бенфика, а неговиот талент бил забележан од сите. 11-годишниот Дејвид е роден во малави, а Мадона го посвои во 2006 година веднаш по неговото раѓање.

Светската музичка ѕвезда според медиумите заедно со децата веќе во септември пред почетокот на новата учебна година ќе се пресели во Лисабон. 

Датум на објава: петок, 07 јули 2017 во 09:20
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:30

коментари

остави коментар