Ароганцијата на Самарас ја разбуди и опозицијата која побара владата да ја информира меѓународната заедница и сите инволвирани во преговорите за името за писмото на Самарас. Сдсм водејќи се од објавените делови од писмото сега смета дека Грциај е неконструктивна. Од таму бараат премиерот да организира лидерска средба на која очекуваат да ја дознаат македонската позиција во спорот. 

И професорката на правниот факултет Иванка Додовска вели дека за војна и за љубов се потребни двајца но по најновиот одговор од Атина стана кристално јасно дека Македонија нема сериозен партнер со кој може да се откочи Македонскиот пат до ЕУ.

За Додовска потегот на Груевски ја става Грција во нелагодна позиција затоа што одбивањето на средба на ЕУ и НАТО ќе им ги расчисти сите дилеми за македонската конструктивност.

Не треба да се очекува промена на историските правила кои со децении важат на Балканот на кој Грција заштитена од своите европски партнери продолжува да води нелогична и неправедна политика кон Македонското прашање.

Македонија мора да инсистира докрај на своите ставови и на одбрана на националниот идентитет затоа што очигледно е дека целта на Грција е насочена кон негово разнебитување, смета Додовска.

Датум на објава: четврток, 18 јули 2013 во 14:45
Горан Момироски
Обновено во: 19:17

коментари

остави коментар