Академијата има членови од 57 земји во светот , меѓу кои и од Хрватска , јавуваат тамошните медиуми .

Во својата пребогата кариера, Шербеџија има над 150 филмски улоги . Се стекна со светска слава откако беше дел од актерската екипа на големите холивудски  хитови како : ,, Очи ширум затворени “ , ,, Невозможна мисија 2“ , ,, Зграпчи и бегај “ , ,,Вселенски каубои “ …

Како режисер се претстави со филмот ,,Ослободување на Скопје “ , во кој ја игра и главната улога. Филмот е прикажан на десетина престижни фестивали во Европа и САД , а минатата година беше кандидат на нашата земја за Оскар во категорија најдобар филм на странски јазик .

Шербеџија играше забележителна улога и во Македонските филмови : ,, Трето полувреме” , ,, Пред дождот “ и ,, Балканот не е мртов “ . Шербеџија во 2014- тата доби Македонско државјанство . 

Датум на објава: среда, 05 јули 2017 во 21:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар