Покрена бракоразводна парница и успеа да издејствува негово иселување од куќата.

Откако се објави веста дека Петра Еклстон и Џејмс Стант се разведуваат, британските медиуми јавуваат дека тој во петокот почнал да се сели од нивниот дом во Лондон, кој до неодамна го делеа со своите три деца.

Еклстон со децата пред два месеци го напушти домот, а сега кога Џејмс си замина, може да се врати назад.

Во скапата и тешка бракоразводна парница Петра го обивни Џејмс за насилство, дрогирање дури и за предозирање на два пати.

Џејмс го напушти домот видно вознемирен. Заминал со својот Ролс Ројс и со уште два скапи автомобили.

Берни Еклстон е пресреќен со одлуката на ќерката да го напушти Џејмс. Пред новинарите во четврток тој рече дека животот со зетот бил пекол.

Рече дека го удрил по грб со рака, а гестикулирал како држи пиштол и го убива.
Сега Петра треба да се концентрира на бракоразводната парница, во која треба да поделат богатство од 5,5 милијарди фунти.

Сепак, постои предбрачен договор, а и двајцата ги зедоа најдобрите адвокати во Британија.

Овој развод ќе биде еден од најскапите на светот.

Датум на објава: недела, 02 јули 2017 во 17:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар