Тој појасни дека во моментот акумулацијата е полна 80 проценти.

- Во акумулацијата има 8,8 милиони кубни вода, а езерото е 3,5 метри до прелевање. Сушниот претходен период придонесе за понизок водостој, но според планираните потреби и активности, кои годишно за потребите на населението за водоснабдување изнесуваат 2,5 милиони метри кубни вода и 1,5 милиони метри кубни за наводнување, не очекуваме проблеми, истакна Атанасовски.

Тој додаде дека во моментот од акумулацијата се испушта само вода за пиење за потребите на околу 15 илјади граѓани.

- Во моментов од акумулацијата се испуштаат 0,09 литри во секунда за потребите на населението за вода за пиење. Во овој период не се испушта водата за потребите на минихидроцентралата, а според планот со оваа активност ќе се почне од идниот месец, кога ќе се стартува и со испуштање на водата за потребите за наводнување на земјоделските површини кои изнесуваат 510 хектари, рече Атанасовски. 

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 17:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар