Како што соопшти владината прес-служба, тргнувајќи од интересите на сите граѓани заеднички било потенцирано значењето на реформите и геостратешката потреба на Република Македонија да се приклучи како полноправна членка во НАТО Алијансата и земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

- Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја покани ДПА да се вклучи во процесот на реформите со вградување на своите ставови во процесите коишто следуваат. Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека се што е интерес на граѓаните на Република Македонија заслужува поддршка од опозициската партија, се наведува во соопштението.

Во таа насока претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се посочува, најавил дека партијата ќе биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси коишто значат придвиживање во евроатланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за коишто партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно. 

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 17:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар