Две третини позитивни гласови од народните избраници за продолжување на мандатот на СЈО, иницијатива до Уставниот суд која членот 22 од законот за СЈО, каде би требало да биде прогласен за неуставен. Отворена е и можноста СЈО да стане одделение во Основното обвинителство, за докрај да ги истражи предметите.

Во меѓувреме, пред истекот на мандатот во Специјалното јавно обвинителство се подготвуваат обвиненија за осомничените по предметите преземени од прислушуваните разговори. Деновиве во обвинителството на Катица Јанева – на распит осомничените, тие најчесто бараат увид во доказите, свој исказ даваат оштетените и сведоците по предметите што ги води СЈО. Јанева оптимист – дека до крајот на месецот ќе покрене најмалку 15 обвиненија.

Правниците едногласни – членот 22 од законот за СЈО, да се прогласи за неуставен преку иницијатива до уставниот суд. Адвокатот Натали Петровска, вели дека е невозможно да има измени во законот за СЈО поради политичката состојба. Правникот Мирослав Драганов, пак, вели дека е потребен специјален судски оддел во судовите.

Специјалното обвинителство е должно докрај да го расчисти економскиот криминал, зашто штетите вели академикот Абдулменаф Беџети се кај државата, граѓаните, кај стопанството...

„Да не остане ништо неотворено, неиспитано, за да не останеме должни не само на јавноста туку и на тие оштетени страни, тука имаме оштетени страни, прво најоштетена страна е државата“, изјави академик Абдулменаф Беџети.

Сепак, Специјалното обвинителство и по истекот на мандатот за покренување на обвиненија ќе продолжи со работа. Обвинителите и истражителите на Катица Јанева ќе работат на истражни и предистражни постапки.


Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 16:15
Игор Стефановски
Обновено во: 16:19

коментари

остави коментар