Спикерот Талат Џафери има три дена да го разгледа барањето и да одлучи дали ќе свика нова седница или пак ќе направи дополнување на дневниот ред на веќе закажаната на трети јули. Во меѓувреме пратеничките групи во Собранието се подготвуваат за седницата. СДСМ, Алијансата, БЕСА, со став дека ќе ја дадат поддршката за разрешување на Зврлевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доправа ќе се договараат како ќе настапат по барањето за разрешување на Зврлевски. Велат дека целата постапка Владата ја започна бидејќи Зврлевски е обвинителот кој го фати Заев со Поткуп.

Инаку според процедурата Собранието распишува оглас за нов Јавен обвинител. Согласно законот за јавно обвинителство заинтересираните кандидат  своите биографии ги испраќаат до  парламентот, кој ги испраќа до владата. Собранието потоа закажува седница за нов јавен обвинител.


Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 15:48
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 15:58

коментари

остави коментар