Потребен им е и разговор, за тие да можат добро да се развијат и созреат. Да станат добри луѓе со вистински вредности, апелираше психологот Деспина Стојановска. 

Граѓаните се повеќе жртви на кражби. Ми влезе во станот и ми го зема оделото. Пријавив, но не сакав да одам на суд, вели Алекс Шетловски. Дедо кој неодамна бил жртва на ситна кражба. Правилно згрижување и добро воспитување за децата, посебно во младите години, би помогнало најмногу за тие да излезат на вистинскиот пат, потврди и тој.

Алармантна е состојбата со малолетничката деликвенцијата. Според последниот извештај, забележан е раст од 3,34 проценти на деца во ризик, најмногу во Скопје и Куманово. Од 84 општини кои имаат Општински совет за превенција, функционираат само 8 кој согласно програмата преземаат активности од превентивен карактер. Формирани се  уште 6, но тие не функционираат. Еден од најистакнатите е оној во Кавадарци, со долгогодишно искуство и најголем број активности. Се истакнуваат и Битола, Гази баба.


Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 15:41
Катерина Капкоска
Обновено во: 15:43

коментари

остави коментар