На средбата, соопшти владината прес-служба, јапонската амбасадорка ги пренесе честитките од јапонскиот премиер Шинзо Абе, до премиерот Заев за стапувањето на функцијата претседател на македонската Влада, а беше изразена и силна поддршка од Јапонија за определбата на Владата на Македонија кон демократските реформи.

- Владата има за цел спроведување силна реформска агенда што ќе ги забрза интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но којашто е пред се, примарен интерес на граѓаните на Македонија, за обезбедување квалитетен живот за сите во државата, истакна премиерот Заев.

Јапонската амбасадорка нагласи дека Јапонија ја поддржува Македонија во евроатлантските аспирации и додаде дека ќе продолжи да го помага развојот на Македонија во разни области, посебно во локалните средини.

На средбата е заклучено дека одлуката на Јапонија да отвори резидентна амбасада во Република Македонија е знак за позитивните односи меѓу двете земји и изразена е согласност од двете страни дека се создадени можности да се продлабочи соработката како во областите на економијата и трговијата, така и во образованието, туризмот и културата. 

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 14:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар