Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Франција Кристиан Тимоние, во Министерството за одбрана.

- Реформите кои ќе ги спроведеме во областа на одбраната се важен влог за побрзо интегрирање на земјата во НАТО но и во ЕУ. Ќе работиме да создадеме амбиент на доверба и подобра регионална соработка. Резултатите кои ќе ги постигнеме ќе ја зацврстат поддршката на земјите членки за влез на Македонија во НАТО. Со членството на Република Македонија во НАТО ќе се зацврсне стабилноста и безбедноста на целиот Регион, рече Шекеринска.

На средбата стана збор и за можноста за унапредување на соработката меѓу Македонија и Франција во однос на модернизацијата на АРМ.
Амбасадорот Тимоние на средбата истакна дека вратите на НАТО се отворени и дека неговата земја е заинтересирана соработката со Македонија да се унапреди.

На денешната средба присуствуваше и новото одбранбено аташе на Република Франција во Република Македонија, Жан Марк Лавали на кого министерката Шекеринска му посака добредојде и му посака успешна соработка и продлабочување на истата во наредниот период, соопшти Министерството за одбрана.

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 14:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар