Сузана Стојановска, член на Координативното тело на Иницијативата изјави дека за време на кампот ќе се одржат и работилници за родители на децата со посебни потреби на кои ќе се направат дополнителни консултации во врска со нивните барања.

- Тука сме и ќе останеме тука за да не види јавноста и пратениците во Собранието да ги стават нашите барања како приоритети. Ја повикуваме мекедонската јавност да ни даде поддршка, како и родителите на децата со посебни потреби да се приклучат на работилниците, да ги разгледаме повторно уште еднаш барањата и ако има некој нешто да дополни. Ги повикуваме и ресорните министерства или нивните претставници да дојдат одблизу да се запознаат со родителите и да ги слушнат нивните барања и проблеми, рече Стојановска. 

Таа информира дека утре имаат состанок со министерката за труд и социјална политика, а во наредните два дена ќе се обидат да ги посетат претставници и од министерставта за здравство и за образование, каде посочува дека се потребни реформи.

Во однос на нивните барања како приоритетни, но вели, не и конечни, ги издвои: да се избрише границата од 26 години од законите за труд и социјална политика и за здравство, самохраните родители првично при ревидирање на буџетот да се изедначат со згрижувачките, а со буџетот за 2018 биолошките семејства да се изедначат со згрижувачките. Бараат и народен правобранител за лица со посебни потреби.

Александар Петровски, претседател на Здружението „Раст“ и дел од иницијативата 5 до 12, упати повик до сите заинтересирани лица со посебни потреби и до сите здруженија на граѓани да дадат придонес за дополнување на законските и подзаконските акти во интерес на сите. 
Предвидено е Кампот, во периодот од 18 до 20 часот, да има интерактивни содржини од областа на музиката, цртањето, спортот, како и други активности  за дружење на децата.

- Ги покануваме сите родители или нивните баби да ги изнесат децата заедно со нашите деца да поиграме бидејќи навистина имаме што да покажеме, рече Суларет Алишан од Граѓанската иницијатива 5 до 12. 


Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 14:05
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:18

коментари

остави коментар