По тематската седница, со почеток во 13:00 часот Владата на Република Македонија ќе ја одржи седмата седница. Согласно предложениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.
На редовната владина седница ќе бидат разгледани и кадровски решенија, како и други информации од економски и политички систем и тековна политика.

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 12:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар