Инцидентот, кој во моментов е окаректериризан како потенцијален терористички напад, се случил 20 минути по полноќ, непосредно по завршувањето на рамазанската молитва во џамија во областа Финсбери парк. Бело комбе со голема брзина се забило во поголема група верници, покосувајќи 10-ина луѓе.  Според очевидци, во возилото се наоѓале тројца напаѓачи, од кои двајца успеале да побегнат.

Третиот бил уапсен од полицијата, а се работи за 48-годишен маж, чиј идентитет не се соопштува. Муслиманската заедница во Лондон нападот го оцени за терористички чин и го нарече насилна манифестација на исламофобија, а осуда стигна и од британската премиерка Тереза Меј.

Дел од очевидците изјавија дека еден од напаѓачите излегол од комбето и прашал – каде има муслимани, сакам да ги убијам сите. Ова е трет напад со возило во последните неколку месеци во Лондон. Пред две недели, бело комбе влета во толпа луѓе и усмрти седум лица.



Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 09:58
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:04

коментари

остави коментар