Трагедијата се случила во гратчето Ер Сир Адур, во југозападниот дел на земјата, кога 36-годишниот Иван Фандињо се заплеткал во матадорското платно, по што бикот го усмртил, забивајќи го со роговите во градите. Според шпанските медиуми, Фандињо важел за еден од најхрабрите матадори, кој никогаш не се колебал да се соочи со биковите, кои останатите колеги ги избегнувале. Во борба со бикови, лани загинаа и шпански и мексикански матадор. Проценките се дека само во Шпанија годишно се одржуваат 1.800 претстави. 

Датум на објава: недела, 18 јуни 2017 во 14:44
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар