Велосипедската рекреативна тура се вози низ падините на Националниот парк Галичица, во вкупна должина од 71 километар.

Новина, како што најавува организаторот, Велосипедскиот клуб „Преспа Бајк“, е планинарската тура до највисокиот врв на планината Галичица, Магаро на 2.255 метри надморска височина.

„Тур де Галичица“ оваа година се организира по четврти пат и според еден од одговорните во организацијата на настанот Кристијан Ќулумовски покрај дружењето и рекреацијата, основна цел на настанот е да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Преспа во функција на развој на туризмот во ова подрачје.


Датум на објава: недела, 18 јуни 2017 во 13:13
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:54

коментари

остави коментар