Две илјади луѓе трагале по малиот Дима, откако тој се загубил за време на кампувањето со родителите надвор од Екатеринбург.

-Кога го пронајдовме премрзнат,  мокар и гладен. По телото имаше  многу убоди од комарци. Кога малку се смири , ни раскажа дека јадел трева и пиел вода од мочуриштето, изјави припадникот на специјалната полиција Павел Карпенко кој го пронашол малиот Дима.

Исчезнувањето на четиригодишниот Дима била национална драма во претходните четири дена во Русија.
Малиот Дима инаку се загубил кога со неговиот татко заминал на кампирање во една шума. Таткото Андреј и малиот Дима отишле да цепат дрва , но на четиригодишното дете брзо му станало досадно и татко му го пратил назад кај мајка му која била оддалечена само 50 метри од нив.
-Бев неверојатно глуп. Но, никогаш не помислив дека Дима може да залута,  изјави таткото Андреј.

Родителите инаку веднаш го пријавиле исчезнувањето на малиот Дима по што започнала потрагата.
Волонтерите кои учествувале во потерата  утре дента ги лоцирале неговите траги од стапалото  во близина на кампот. Потрагата со дрон не давала резултат.
Шансите за пронаоѓање на малиот Дима се намалувале од ден на ден , посебно кога во шумата била забележана и мечка.

Но детето за среќа е пронајдено како лежи во една дупка под паднато дрво, откако во потерата учествувале околу 2000 луѓе.

Малиот Дима е пронајден 7 километри од местото каде исчезна, по што е пренесен во болница каде се рехабилитира  од повредите и стресот. 

Датум на објава: петок, 16 јуни 2017 во 18:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар