- Ова е прва ваква набавка на литература печатена со Браево писмо за слепи лица со поддршка на Министерството за култура. За почеток добивме 27 наслови на книги со Браева азбука од македонски и странски автори од различни жанрови. Во понеделник ги очекуваме таканаречените звучни книги наменети за најмладите читатели со оштетен вид. Тоа се бајки од познати светски имиња за детска литература. Инаку, проектот вреди сто илјади денари со тенденција за негова надградба, објасни Милена Ристова – директор на НУБ Гоце Делчев –Штип.

Од регионалниот Сојуз на слепи каде членуваат над стотина лица од повеќе општини од овој регион, не го криеја задоволството што до вчера еден горлив проблем за нив е решен.

- Многу сум радосен и бескрајна благодарност до надлежните од Библиотеката што ни решија до вчера нерешлив проблем, особено за нас кои сакаме , иако сме хендикепирани со вид, но да го надградиме нашето образование и читачка култура, изјави  Горги Горгиев – Секретар на Регионален сојуз на слепи лица – Штип.

Согласно податоците од 18 Здруженија на слепи лица во Македонија, засега над 700 нивни членови активно, катадневно го користат Браевото писмо за секоја своја потреба. За нив, оваа бројка, е задоволителна, со тенденција за нејзино зголемување.



Датум на објава: петок, 16 јуни 2017 во 14:11
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:15

коментари

остави коментар