Тој е обвинет за нанесување лесна телесна повреда од хулигански побуди , за што може да добие и три години затвор . Швеѓенецот во судницата денеска побарал да биде ослободен со кауција , со тоа што заедно со неговиот брат ќе останат во Бугарија до конечната пресуда . Тој понудил 15 илјади евра , колку што имал , но судиите не прифатиле да го ослободат од притворот. Туристот раскажа дека пред две недели , кога се случил инцидентот , бил пијан и не се сеќава што точно се случило . Помислил дека семејството му е киднапирано и затоа бил агресивен . Заспал на стол , а кога се разбудил, паричникот му бил празен . Утредента , за време на појадокот , полицијата го привела и му кажале дека направил нешто лошо . Отишол во полициска станица и таму му кажале дека ја клоцал собарката , на што Швеѓанецот не можел да се сети . 



Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 21:47
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:24

коментари

остави коментар