Меѓу 40 и 60 проценти од постарите луѓе во Европа и САД секојдневно пијат Аспирин , но досега немаше конкретни податоци што може да предизвика овој лек кај лицата на над 75 – годишна возраст . Во испитувањето  учествувале 3166 Британци на оваа возраст и нешто помлади, кои имале срцев или мозочен удар и редовно пиеле лекарства за разредување на крвта . Десет години на нив се вршеле истражувања за делувањето на ваквите лекови. Научниците тврдат дека старите лица не треба да земаат Аспирин . Сепак , како заштита од внатрешно крварење во дигестивниот тракт , докторите препорачуваат лекови што ја разредуваат желудечната  киселина , со што би се намалил ризикот и за над 70 проценти . 

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 18:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар