Токму такво нешто му се случило на еден жител на Тајланд, кој е осуден на дури 35 години казна затвор поради тоа што на социјалната мрежа Фејсбук го навредил, кралското семејство. Тој бил изведен пред воен суд , кој му ја изрекол оваа драконска казна.

Инаку, станува збор за жител на Тајланд чии идентитет во целост не е објавен поради заштита на неговото семејство.

Тајландските медиуми само пренесуваат дека неговото име е  Вичаи кој има 35 години.

Имено тој минатата година на својот Фејсбук профил ја навредил тајландската кралска фамилија , поради што подоцна е изведен на воен суд кој му одредил казна од 35 години затвор.

Иако ова е една од најдраконските вакви казни изречена во светот, тајландските медиуми нагласуваат дека казната е всушност еден вид на предупредување за сите останати жители на Тајланд.

Обвинението против Вичаи имало 10 точки, а воениот суд  одлучил дека 35 годишниот Тајландчанец  е виновен по сите десет точки од обвинението. 

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 12:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар