Ликовната изложба на саемот, како што најавуваат, ќе биде поставена од денеска до 17 јуни,  дополнета со мода, дизајн, перформанс, музички настани, проекции, работилници и голем број интересни содржини изведени од македонски и странски автори учесници.

„Паратисима Скопје“ годинава содржи и детска програма која ќе се оддржи в сабота од 11:00 до 19:00 на платото пред МКЦ и во Детскиот креативен центар.

На годинешниот саем десет учесници ќе добијат награди и ќе можат своето дело да го изложат на саемот за уметност „Паратисима“ во Торино, Италија од 1 - 5 ноември годинава.

Куратор на ликовната поставка на четвртото издание „Паратисима Скопје“ е Мира Гаќина, а поставката на мода и дизајн ќе биде курирана од Драган Христов.

Изминатите три години „Паратисима Скопје“ брои над 300 независни учесници со потекло од 32 земји учесници и 30 специјални проекти на кои учествувале ликовни академии, галерии, колективи и организации кои се активни на културно-уметничката сцена
„Паратисима Скопје“ e во организација на здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата „Континео 2020“. 

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 10:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар