По судскиот спор во кој било утврдено дека младата жена е заменета веднаш откако мајка и се породила со царски рез , болницата и исплатила оштета од 30 илјади евра. Дел од парите добила и нејзината  мајка Евелин , како и татко и , кои случајно дознале дека Дорис не е нивна ќерка .

Според сведочењето на Евелин , таа се породила со царски рез , но до утредента не и до давале бебето . Мислела дека така треба до пред неколку години . Дорис требало да даде крв , што не се совпаѓала со крвната група во семејството по што направила и ДНК тест. Резултатите ги шокирале , зашто сфатиле дека 25 години чувале нечија туѓа ќерка.

По извршените проверки , од болницата во Грац тврдат дека постои мала веројатност да се најде вистинската ќерка на Евелин , како и мајката на Дорис . Во тоа време во болницата се породиле околу 200 жени , а по скандалозните информации , 28 веќе дале крв за ДНК анализа .  

коментари

остави коментар